Скопје, 01.11.2023 – Студентите од Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје од Правниот факултет под раководство на в.д. деканот на Правниот факултет проф. д-р. Калтрина Зеколи Шаќири и проф. д-р. Лиридон Зенку, оствари ја студиска посета во Собранието на Република Северна Македонија каде што беа пречекани од претседателот на Собранието г-дин Талат Џафери.
На оваа студиска посета, студентите имаа можност да разговараат со спикерот г-дин Талат Џафери за развојот на работите во парламентот, при што беа информирани и за тоа како се одвиваат процесите во различни комисии, нивна расправа како и гласање во главната сала на собраниските седници.
Студентската група имаше можност по сите елаборати за време на оваа студиска посета да постават свои прашања од студиски интерес до претседателот на Собранието на РСМ и до раководството на собранието, при што се отвори интерактивната дебата помеѓу странките.