Скопје, ноември 2023 година – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје во рамките на Факултетот за социјални науки од студиската програма Спорт и спортски науки, го реализираа традиционалниот еднодневен марш на Матка до црквата „Свети Никола“.

На маршрутата учествуваа проректорот за финансии, инвестиции и развој, проф. д-р Бујамин Бела, генералната секретарка на УМТ, г. Мукадес Хајдари, деканката на Факултетот за социјални науки, проф.д-р Дитурие Исмаили, професори од студиската програма Спорт и спортски науки како и студенти од студиските програма Спорт и спортски науки, Дизајн и Информатика.

Учесниците на оваа традиционална маршрута на УМТ пешачеа 40 минути во еден правец по патека со средна тежина. Оваа организација се реализираше поповод седумгодишнината од постоењето на нашиот универзитет.

By