Скопје, 07ноември 2023 година- Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, во рамките на Конгресот, денеска успешно ја заврши Меѓународната конференција за одржлив развој „ TSD 2023 “,која по седми пат се одржа во универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и беше организирана од проректорот за наука и истражување во УМТ, проф. Беким Фетаји.

На конференцијата „ TSD 2023 “, која традиционално се организира во Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, присуствуваа над 60 говорници и беа објавени вкупно 87 научни трудови со 200 учесници.

Сите учесници на конференцијата имаа можност да дебатираат на различни теми во рамките на одржливиот развој меѓу кој: Технички и економски аспекти на одржливост, енергија за климатски промени: предизвици, Нови хоризонти во градежништвото и архитектурата, Информации и комуникациска технологија, математика, сајбер безбедност и предизвици со вештачка интелигенција, Технолошки, природни и уметнички науки во новиот милениум и образование, Општествени науки во новиот милениум и разни.

Трудовите презентирани од учесниците на Меѓународната конференција за одржлив развој TSD 2023 ќе бидат објавени во списанието за одржлив развој на Југоисточна Европа „SEEJSD“ која ја издава УМТ.

By