ЈАЗИКОТ Е НАЈЈАСНИОТ ОДРАЗ НА ЕДЕН НАРОД И НА НЕГОВАТА КУЛТУРА
Скопје, 22.11.2023 год. – Факултетот за хуманистички науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, во чест на 22 Ноември – Денот на азбуката, денеска ја организираше четвртата научна конференција на тема „Јазикот, книжевноста и интеркултурната комуникација“.
На отворањето на конференцијата, претседателот на организацискиот совет, проф. д-р Мустафа Ибрахими ја презентираше темата „Еколингвистиката наспроти интеркултуралноста во повеќејазично општество“ и зборуваше за „лингвистичка екологија“ која во центарот на нејзините студии е односот меѓу големите и малите јазици, како и ризикот од исчезнувањена помалите јазици.
Ректорот на УМТ, проф. д-р Изет Зеќири рече дека оваа година, во чест на 22 Ноември, Денот на азбуката, конференцијата се одржува во новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“, додека конференцијата ја организираше Факултетот за хуманистички науки, основан само пред неколку месеци.
Почесен гостин на Конференцијата беше министерот за образование и наука, г-дин Јетон Шаќири, кој рече дека јазикот не е само средство за комуникација, туку е симбол на националниот идентитет, историјата и културното наследство на еден народ.
„Слично и за нас албанскиот јазик е свет, ги чува нашите традиции и вредности низ генерации, затоа мора да го учиме, чуваме, развиваме и шириме, додека денес е денот кога мора да се потсетиме на ова, тука улогата на Министерството за образование и наука е клучна“, истакна министерот Шаќири.
Професорката Теута Арифи на конференцијата ја презентираше темата „Интеркултурализмот како вредност и концепт на нашата национална ренесанса“, додека првиот ректор на УМТ, проф. д-р Азис Положани јапрезентираше темата „Интеркултурализам, нова парадигма на мултиетничките општества“, каде што истакна дека поимот мултикултурализам има низа значења во контекст на социологијата, политичката филозофија и општата употреба, бидејќи дискурсот на дебатата за оваа појава до годините пред овој век, таа беше главно позитивна, но со текот на времето беше перципирана како начин за институционализирање на разликите преку автономни културни дискурси.
Професорот Зеќирја Незири зборуваше за „Судбината на говорот на Албанците од Зара“ од нивното преселување во 1720 година од денешна Црна Гора и заложбите на Албанците да го негуваат и зачуваат својот албански јазик. „Меѓукултурната и меѓујазичната лексика во урбаниот говор на Струга“ е дело на проф. д-р Ајтенe Хајдари-Ќамили од Катедрата за албански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
Говори одржаа и Нико Ќафоку од САД, Ласло Марач (Laslo Marácz ) од Холандија, Горан Бандов од Хрватска, Марио Де Матеис од Австрија, Емил Лафе, Неџип Меркури, Али Јашари, Абдула Балхиса и Агрон Џаголи од Албанија, Хисен Матоши, Шпреса Хоџа, ЏаферБеќирај, Бегзад Балиу и Неврие Исмаили од Косово, Зеќирја Незири, Маријан Марковиќ, Веби Беџети, Рубин Земон и Изаим Муртезани од Скопје. Од УМТ, своите тези ги презентираа проф. д-р Изер Максути, проф. д-р Ќатип Арифи, доц. д-р Рилинд Махмути, доц. д-р Арта Бектеши и доц. д-р Едона Винца.
Научните трудови кои беа презентирани на Конференцијата ќе бидат објавени во четвртиот број на списанието „Интеркултура“ кое го издава Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.