Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје проф. д-р Изет Зеќири имаше работна средба со директорот на Фондацијата „АКСИС“, Руфат Шериф и неговите соработници. На оваа средба се договорија за соработка на проекти кои се во интерес на студентите.
Фондацијата „АКСИС“ беше заинтересирана да придонесе за подобрување на условите на Библиотеката на УМТ во новите објекти во поранешната касарна Илинден.
УМТ има реализирано такви соработки со СКСЗМ, Фондацијата Албиз и други организации кои придонесуваат за образованието.