На покана на проф. Лазар Јовевски, а во организација на „Центарот за клиничка едукација по трудово право“ на Правниот факултет при УКИМ, проф. Александар Петковски учествуваше на трибината „Кафе разговори за работните односи“ со излагање на тема „Дигитална трансформација и флексибилни работни места“.
На трибината учествуваа и студенти од 4-та година на Јавна администрација, а покрај студентите од нашиот универзитет на трибината учествуваа и професори и студенти од другите јавни универзитети во државава, претставници од Министерството за труд и социјална политика, како и судии и претставници на синдикати и професионални здруженија од областа на трудот.
Еден од заклучоците беше дека Законот за работните односи треба да претрпи сериозни измени за да одговори на предизвиците кои ги наметнуваат новите трендови на флексибилното работно време.