Скопје, 28.11.2023 г. – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје го одбележа 28. Ноември, Денот на албанското знаме, со свеченост на која на 130 минатогодишни дипломци и дипломки им беше врачена диплома за успешно завршување на првиот циклус студии.

На студент(к)ите и нивните семејства, се обрати ректорот на УМТ, проф. д-р Изет Зеќири, истакнувајќи дека организирањето на оваа свеченост на денешен ден во чест на 28. Ноември, Денот на знамето, на сите нас ни придава чувство на успех, особено на професор(к)ите чија мисија е да го пренесат знаењето. Ректорот додаде дека ова е незаборавен момент за студент(к)ите кои денес го слават својот успех.

„Учеството на вашите родител(к)и и членови и членки на семејството во толку голем број докажува дека и тие постигнале успех во вашето образование, жртвуваат сè за вас и вашата светла иднина, а, вие, како новодипломирани, имате обврска да продолжите во животот со чест и достоинство, без разлика дали ќе се одлучите да продолжите со студиите на втор циклус или ќе се вработите“, истакна Ректорот.

Ректорот Зеќири додаде и дека раководството напорно работи на подобрување на услугите за студент(к)ите и на поправка на инфраструктурата, а тоа секако ќе остане континуиран процес.

„Драги студент(к)и, вие пораснавте со нашиот универзитет и сведоци сте колку работи се случија во меѓувреме. Кога ги почнавте студиите бевме кираџии, додека денес, на денот на доделувањето на вашите дипломи, свеченоста се одржува во наши објекти, на земјиште од 50.000 м2 и неколку илјади метри објекти за учење. Имавме потешкотии, но бевме сигурни дека ќе успееме и успеавме. Честитки за сите“, се обрати ректорот Зеќири.

Претседателката на Сенатот на УМТ, проф. д-р Сузана Јордановска, им честиташе на студент(к)ите за постигнатиот успех и убавите моменти што ги поминаа на факултетите на УМТ а кои ќе им останат во сеќавање.

Деканите на факултетите им ги доделија дипломите на студент(к)ите, а првите пет дипломи ги додели ректорот на УМТ, проф. д-р Изет Зеќири.

By