Скопје, 𝟏𝟑.𝟏𝟐.𝟐𝟎𝟐𝟑 На пријателска средба, ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје проф. д-р. Изет Зеќири денеска се сретна со пратеничката и заменик координатор на Клубот на млади пратеници, Моника Зајкова, при што се разговараше за потребата од соработка и заедничко финансирање на Националниот интегриран информациски систем на ниво на целото високо образование во државата. .

На средбата беше констатирано дека заедно со другите универзитетски собранија треба да работиме на забрзување на процесот на дигитализација во високото образование, бидејќи е неопходна дигитализација во сите сфери, за олеснување, поедноставување и модернизација на процесите, затоа дигитализацијата во високото образование е од суштинско значење!

Врз основа на соработката на УМТ со Клубот на млади пратеници, студентски претставници од Универзитетот „Мајка Тереза“ активно ќе учествуваат на дводневниот Хакатон каде заедно со пратениците и Институтот за добро владеење и евроатлантски перспективи ќе разговараат за потребните законски решенија кои мора да се донесат за поефективна трансформација на универзитетите во државата.

Ректорот Зеќири даде целосна поддршка за оваа иницијатива и го најави своето вклучување и активен придонес во јавната расправа во врска на оваа тема во организација на Клубот на млади пратеници во Собранието која ќе се одржи на 20.12.2023.

By