Скопје, декември 2023 – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје во рамките на Факултетот за социјални науки во соработка со Националниот сојуз на слепи лица во РСМ организираше Панел дискусија за подигање на свеста за препознавање на психолошките и здравствените предизвици на лицата со попреченост.

Доц. д-р. Нита Белули Лума, координатор на Катедрата за психологија, како и модератор на овој панел, ја отвори дискусијата со укажување на важност за опфаќање на сите лица со попреченост во нашето општество, врз основа на еднакви можности и социјални права за сите човечки суштества, без оглед на физичките или психолошките ограничувања.

Поздравни и охрабрувачки зборови за сите присутни како и за лицата со посебни потреби упати деканот проф. д-р. Дитурије Исмаили, декан на Факултетот за социјални науки, која ја истакна важноста од поддршката на овие лица за да можат да го развијат својот целосен потенцијал.

Доц. д-р. Мирлинде Билали, панелист на оваа панел дискусија даде подетални објаснувања за тоа што претставува попреченоста и кои се најистакнатите бариери за лицата со посебни потреби, споделувајќи со присутните неколку важни препораки.

Присутните особено внимание му посветија на гостинот на оваа панел дискусија, г. Зејно Бајрами, кој е лице со попреченост, ја пренесе пораката дека оној човек кој има волја никогаш не е ограничен, се додека живее со мотото „и јас можам“.

По сите дискусии на панелистите, не недостигаше интерактивност од присутните, особено од студентите на УМТ, кои едногласно порачаа дека помагањето да се интегрираат овие лица во општеството е најефективниот облик на сензибилизација.

By