Во рамките на зголемените активности на неодамна формираниот Факултет за правни науки, во просториите на ректоратот се одржа работна средба помеѓу германскиот ГИЗ (Друштво за меѓународна соработка) и раководството на универзитетот на УМТ.
На средбата на која присуствуваше главниот менаџер на ГИЗ Македонија г-дин. Евзи Хани, ректорот на УМТ проф. д-р. Изет Зеќири придружуван од проректорот за меѓународни односи проф. д-р. Ризван Сулејмани, проректор за наука проф. д-р Беким Фетаи, проректор за финансии Доц. д-р. Бујамин Бела, проректорот за образовние вон. проф. д-р. Фати Исени, деканот на Правниот факултет вон. проф. д-р. Аргетим Салиу и професорката Валбона Хајретин разговараа за идната соработка меѓу УМТ и германскиот ГИЗ.
Германскиот ГИЗ обезбедува услуги од областа на меѓународната соработка за одржлив развој и меѓународна образовна работа и има за цел да создаде иднина вредна за живеење низ целиот свет, а притоа има над 50 години искуство во различни области, вклучувајќи го и економскиот развој, унапредување и вработување , енергија и животна средина, мир и безбедност.