Скопје, март 2024 – Факултетот за технички науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје на чело со деканот вон. проф. д-р. Неритан Туркеши потпиша договор за соработка во просториите на станицата за техничка контрола на возила „Топ Автофер“ со седиште во Куманово, претставувано од г-ѓа. Мадриде Дервиши.

Целта на договорот за соработка помеѓу УМТ и станицата за техничка контрола на возилата „Топ Автофер“ е поврзана со реализација на практичниот дел од наставата за студентите во просторите за техничка контрола. Студентите исто така ќе имаат можност да добијат информации и да се информираат за правилата и начинот на функционирање на техничката контрола на возилата.

Деканот вон. проф. д-р. Неритан Туркеши придружуван од проф. д-р. Оливера Петровска беа пречекани од сопственикот на компанијата г-дин. Ридван Дервиши, кој неодамна ги информираше дека во неговата фирма освен техничка контрола има и испитен центар за добивање на возачка дозвола “Top Driver” и автошкола „Југо-фер“.

By