ДРЖАВНИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ ЕДНОГЛАСНО ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ
Штип, 16.04.2024 година – Синдикатите на шесте државни универзитети денеска во Штип потпишаа Меморандум за соработка, прв од ваков тип во земјава.
Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, Универзитетот „Св.Кирил и Методи“, „Св.Климент Охридски“ Битола, „Тетовскиот Универзитет“, Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип Универзитетот за информатички и технолошки науки „Св. Апостул Пали“ од Охрид преку овој меморандум, прв од ваков тип во Република Северна Македонија, тие се заложија за заедничка координација во артикулирањето на педагошко-социјалните барања и за зголемување на меѓусебната соработка во различни образовни активности.
Целта на овој меморандум е државните универзитети да бидат едногласни во остварувањето на нивните права во согласност со унапредувањето и подигнувањето на квалитетот на високото образование во државата.