Велес, април 2024 година – Матурантите од СОУ „Кочо Рацин“ во Велес и оваа година ги отворија вратите за студиските програми кои ги нуди УМТ за учебната 2024/2025 година. За условите и бројните студиски програми пред матурантите зборуваше проф. д-р Мустафа Ибрахими, како и Суат Усејни од Јаболчишта, надворешен професор во велешката гимназија и демонстратор на УМТ. Суат Усејни во неформалниот дел ни кажа дека историјата на средното образование на албански јазик во Велес започнала со отворањето на првата албанска паралелка во СОУ „Кочо Рацин“, во учебната 2008/2009 година, кога 36 ученици Албанци биле запишани. Од оваа гимназија до денеска на УМТ се запишани околу 40 студнети, од кои 10 веќе дипломирале, а еден од нив е запишан на студии мастер. Годинава во гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес настава следат 22 матуранти Албанци, воглавно од селата Јаболчишта, Бузаљакова, Сливник и некои други села.
Во холот на училишната библиотека веќе биле собрани матурантите и со нетрпение ја чекале оваа средба. Благодарение на организацијата и мотивацијата на професорот Суат Усејни, салата беше преполна. Во својство на координатор средбата со матурантите ја отвори проф. д-р Мустафа Ибрахими, нагласувајќи дека оваа средба е во пресрет на претходните две средби, едната во околината на Прилеп и Крушево, а другата во Битола. Меѓу другото, проф. д-р Мустафа Ибрахими истакна дека: „Тука се собравме да ја промовираме академската понуда на УМТ за учебната 2024/2025 година со околу 40 студиски програми на осумте факултети во рамките на УМТ. Проф. д-р Мустафа Ибрахими ги информираше матурантите за начинот на пријавување, условите за студирање на кампусот, поволностите како студенти и многу други прашања од интерес за нив и нивните родители.
Несомнено, оваа бројка гарантира светла иднина за Албанците од Велес и пошироко, рече Суат Усејни, тамошен професор и магистер на УМТ. Меѓу другото, тој истакна дека УМТ не само што нуди услови согласно највисоките стандарди, туку претставува и институција која помага и влијае на еманципацијата, благосостојбата и интелектуалниот развој на Албанците од Велес. Како мотивација го истакна фактот дека сите студенти од Велес кои веќе дипломирале се вработени.
На крајот матурантите поставуваа прашања од разни области од нивен интерес, добивајќи соодветни одговори од професорите.