Гостивар Април 𝟐𝟎𝟐𝟒 Промотивниот караван на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје се сретна со матурантите од техничкото училиште во Гостивар, ги презентираа достапните 40 студиски дефицитарни програми на осумте факултети, кои даваат можност за побрзо вработување по дипломирањето.
Проректорот за наука проф. д-р Беким Фетаји најави дека покрај студиските програми, УМТ нуди зелена средина во центарот на Скопје и студиски програми на три јазици, албански, македонски и англиски.
Матурантите имаа можност да дознаат повеќе за студиските програми на секој факултет, условите за запишување, тековните искуства на студентите и друго. Матурантите беа задоволни од информациите и можностите за студирање на програмите кои ги нуди УМТ, при што тоа ќе им помгне да донесат правилна одлука за својата професија и иднина.