ДВОЈАЗИЧНОСТА ПРЕДИЗВИК ИЛИ ПРЕДНОСТ

Скопје 𝟏𝟗.𝟎𝟒.𝟐𝟎𝟐𝟒 Албанската истражувачка од Тирана, д-р Елона Ѓата на покана од деканот на Факултетот за хуманистички науки, проф. д-р Мустафа Ибрахими денеска одржа предавање за двојазичноста, како демократска вредност против национализмите, особено оние во регионот. Истражувањето беше објавено во рамките на активностите на факултетот, додека истражувачката Елона Ѓата ја наведе Северна Македонија како студија на случај.

Ѓата рече дека таа лично ја цени двојазичноста кај луѓето како предност, иако луѓето имаат различни мислења.

Ја избрав Северна Македонија како студија на случај затоа што покрај двата официјални јазици, македонскиот и албанскиот, тука се користат и малцинските јазици, како турскиот, српскиот, влашкиот, ромскиот и босанскиот, и тоа докажува дека употребата на повеќе јазици не загрозува ниту еден јазик, бидејќи тие се развиваат паралелно“, рече Ѓата.

Ѓата рече дека најдобри студии на случај се оние на парови со различна етничка припадност, кои живеат во трета земја.

Во мешаните бракови, детето е двојазично, а двојазичното дете го има мајчиниот и татковиот јазик и јазикот на лебот или јазикот на работата на земјата во која живее. На пример, во двојка составена од мајка Италијанка и татко Албанец, додека живеат во Германија, мајчиниот јазик на детето или L1 ќе биде мајчиниот јазик на детето, потоа L2 на таткото, и тоа продолжува до запишување во училиште, каде што на прво место се зема јазикот на комуникација – германскиот, втор е мајчиниот јазик, а третиот јазикот на таткото, рече Ѓата, додавајќи дека потребата за интеграција општеството го наметнува учењето на јазикот на другиот, и потребата за егзистенција.

Во РСМ ниту албанскиот јазик не го загрозува македонскиот ниту обратно, туку се развиваат паралелно, рече Ѓата која додаде дека во одредени случаи двојазичноста и повеќејазичноста создаваат свој културен идентитет, а научно е докажано, вели таа, дека двојазичните деца се попаметни од еднојазични деца.

Д-р Елона Ѓата е директор на „Албанскиот институт за културни студии“ (AICS), додека моментално предава на Универзитетот во Риека, Хрватска. Автор е на книгата „Косово низ 100 фотографии“ и донираше примерок на Јазичната лабораторија на ФХН, збогатувајќи го книжниот фонд.

By