Максималната посветеност на предавачите од Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје од студиската програма Спорт и спортски науки, вон. проф. д-р Агон Саити и м-р. Мухамер Абдулаху достигнаа резултати во мал фудбал и пинг понг.

Студентот од втор циклус, Јон Оломани, по 3 последователни победи во пинг понг, се пласираше во финалето каде се сретна со Даниел Жу, член на северномакедонската пинг-понг репрезентација до 21 година.

Оломани иако претрпе пораз, прикажа многу убава игра, полна со атрактивни и квалитетни поени, каде го освои второто место и сребрениот медал на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

Во мал фудбал екипата на УМТ се соочи со екипата на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ победувајќи со убедливи резултати 7:0.

Со овој натпревар од третото коло Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје води на табелата со 3 победи и без ниту еден пораз, обезбедувајќи си сигурен пат за прогласување шампион во ова натпреварување.

By