Грција/Атина, јуни 2023 година – На координативна средба, предавачите од Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, вон. проф. д-р Дитурије Исмаили од Факултетот за социјални науки во својство на координатор на проектот, професорите од Факултетот за технолошки науки, вон. проф. д-р Сани Демири, доц. д-р Гента Мирзо и доц. д-р Емира Имери ја продолжија  реализацијата на средбите во рамките на проектот „COUTURE“ финансиран од програмата Еразмус+, на Универзитетот Харокопио.

Главна тема на средбата беше креирањето на пет модули кои ќе бидат креирани во рамките на проектот и практичната обука што се очекува да се организира на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Сепак, на оваа средба беше кажано за напредокот на проектот и активностите кои се очекуваат да се спроведат во иднина.

Проектот „COUTURE“ има за цел да промовира одржливост во модната индустрија за да ги обедини традиционалните уметности со современиот дизајн. Овој проект има за цел да ги опреми дипломираните студенти со уникатни вештини кои не само што се релевантни, туку и многу барани на пазарот на трудот за Западен Балкан.

By