Хрватска/Скопје, 26.06.2024 – Ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Изет Зеќири на Универзитетот во Риека беше пречекан од деканот на Техничкиот факултет проф. д-р Ладо Крањчевиќ и неговите соработници.

Ректорот Зеќири и деканот Крањчевиќ зборуваа за активностите на двата Технички факултети, факултетот на УМТ и факултетот  на Универзитетот во Риека, за развојот на програмата Еразмус+ меѓу двата научни храма кои во текот на овие академски години значителен број на студенти, и академски кадар ги користат за практика и студии во странство.

Двајцата соговорници се согласија дека соработката меѓу Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Универзитетот во Риека треба уште повеќе да се продлабочува меѓу студиските програми на факултетите, академско-научната дејност.

By