Деканот на Факултетот за социјални науки, вон. проф. д-р Дитурије Исмаили, учествуваше на постдипломската академска програма Студија на американските институти (SUSI) на Универзитетот Seattle, Вашингтон.
SUSI програмите за предавачи и истражувачи имаат шестнеделна академска размена на постдипломско ниво. Програмите се поделени во различни области во групи од по 18 учесници од академијата и организирани од различни образовни институции од САД. Целта на програмите е зајакнување на наставните програми и подобрување на квалитетот на наставата во САД и во академските институции во странство.
Вон. проф. д-р Дитурије Исмаили учествуваше на програмата SUSI за американската култура, идентитет и општество, која е дизајнирана да го збогати и продлабочи знаењето за американското општество, култура, вредности, идентитети и институции, преку перспективата на современите американски студии и преку дијалог со членовите на академијата на САД.
Програмата вклучува интензивен академски ангажман, панел дискусии, интеракција и вмрежување со американски истражувачи, средби со експерти од различни дисциплини, посета на институции и учество на научни конференции и симпозиуми.
За време на нејзиното академско патување, професорката Дитурије Исмаили има пошироко меѓународно искуство. Нејзиното вклучување во програмата SUSI таа го смета тоа како нешто многу посебно и корисно за себе и за УМТ. „Размената на знаења и искуства со академици од различни дисциплини и земји ќе ми понуди можност да ја проширам мојата перспектива за развој на наставните програми и образовните методологии и да донесам нови педагошки знаења и пристапи кон УМТ, кои истовремено ќе бидат и попривлечни за студенти“, рече професорката Исмаили.
Меѓу темите кои ќе бидат опфатени во програмата се: Културно изразување, медиуми и вредности во САД; Социјални движења, Политика и Религија; Национална формација, Власт и Политика; Дијаспора, Имиграција и припадност; Технологија, Информации и демократија и други.
Студијата на американските институти (SUSI) е спонзорирана од Бирото за образовни и културни прашања (Educational and Cultural Affairs – ECA) на Стејт департментот на Соединетите Американски Држави и администриран од Амбасадата на САД во Република Северна Македонија.