Скопје, 22.08.2024 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Изет Зеќири денеска беше домаќин на вицепремиерот за добро владеење и транспарентност, г-дин. Арбен Фетаи.
За време на работната средба, вицепремиерот Фетаи му честиташе на ректорот Зеќири за постигнувањата на УМТ, нудејќи му институционална поддршка за натамошното консолидирање на УМТ.
Ректорот Зеќири изрази благодарност до Фетаи за посетата и му честиташе за многу важната функција во извршната власт, притоа информирајќи го за студиските програми кои ги нуди Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.
На средбата се фокусиравме на информациите за Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, за условите, начинот на работа, обезбедувањето квалитет, за прашањата за поврзаноста на Универзитетот со меѓународните универзитети, имајќи ги искуствата на вицепремиерот и помошта што ќе ја даде во однос на соработката со универзитетите во Белгија“, рече ректорот Зеќири во изјава за медиумите по средбата. Зеќири рече дека разговарале и за актуелните работи во високото образование во земјава. Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи рече дека дошол во посета на УМТ за да се запознае со условите за работа на универзитетот.
Драго ми е што гледам видлив напредок со оглед на првичните услови од кои започна универзитетот во новите објекти пред две години, очигледно е дека се работело доста многу, и тоа континуирано во инфраструктурата на Универзитетот каде што условите изгледаат доста добри, изведени квалитетно, и подржани и следени од ректорот“, рече Фетаи, додавајќи дека разговарале за реформите и општото управување на Универзитетот.
Фетаи вети дека како поранешен студент на Универзитетот во Брисел ќе помогне во поврзувањето на УМТ со универзитетите во Белгија и другите европски земји и дека веќе ќе биде организирана заедничка посета во рамки на програмите за размена на кадри и студенти на европските универзитети особено на Универзитетот во Брисел, во европската престолнина.