Скопје, септември 2024 – Во присуство на академскиот кадар, на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, се одржа научниот семинар организиран и модериран од проректорот за наука, проф. д-р Беким Фетаји.
Целта на овој семинар беше да се обработат темите и појаснувањата за научните трудови на конференциите и научните списанија, во трите фази на евалуација на научните трудови, почнувајќи од техничката контрола на форматот на трудовите, плагијатот и процесот на рецензија од двајца анонимни рецензенти, каде што во процесот на рецензија беше појаснета онлајн платформата која е направена да сите рецензенти идентификувани по бројки ги пишуваат своите рецензии како и писмени примероци (примери) за пишувањето и процедурите на списанијата (журналите) на факултетите.
Проректорот Фетаји ги презентираше и новите страници на списанијата (журналите) и актуелните изданија на списанијата на сите факултети на УМТ со броеви на ISSN и предходно се разговараше за нивното индексирање.
Исто така, беше појаснето дека првиот број на Списанијата (журналите) се поврзува со конференцијата и трудовите како и со коментарите добиени од конференцијата се обработуваат и така комплетирани се испраќаат до списанијата, првиот во месец декември, додека вториот во месец мај, кој повик е отворен за сите и не е поврзан со конференцијата.
На крајот беа поделени сертификати на рецензентите од претходната година и признанија за придонесот што го дале на TSD конференциите (www.conference.unt.edu.mk) и 5 научни списанија (www.journals.unt.edu.mk ).
Семинарот послужи и како дебатна платформа за подигање и подобрување на квалитетот.