Скопје, 25.09.2024 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Изет Зеќири беше домаќин на амбасадорот на Австрија, неговата екселенција г. Мартин Памер и генералот г-дин Карл Едлингер придружувани од нивните соработници.

На официјалната средба предводена од ректорот Зеќири, проректорите Беким Фетаји, Фати Исени, Бујамин Бела, професорот по германски јазик проф. д-р Изер Максути и австрискиот лектор по германски јазик, г-дин Бесим Алили, при што разговараа за напредокот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, за развојот и за трите уписни рокови на УМТ, и за продлабочување на академската соработка помеѓу двете земји.

По работната средба следуваше традиционалниот семинар на тема: „ТЕКОВНИТЕ ПРАВНИ ПРЕДИЗВИЦИ ВО МЕЃУНАРОДНОТО ХУМАНИТАРНО ПРАВО“ при што студентите и академскиот кадар ќе разговараат и ќе ги изнесат своите ставови пред предавачот од Австрија, г-дин Карл Едлингер, кој моментално е бригаден генерал. На овој семинар исто така присуствуваше и Амбасадорот на Австрија, неговата екселенција г-дин Мартин Памер, дел од академскиот и административниот кадар и студенти.

By