Скопје, 26.09.2024 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Изет Зеќири денеска учествуваше на дискусијата за предизвиците во високото образование во земјава која се организираше на Факултетот за земјоделски и прехранбени науки при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

На оваа дискусија, ректорот Зеќири, пред присутните во својот говорот, меѓу другото истакна дека унапредувањето и обезбедувањето квалитет на државните универзитети има потреба од време и итна потреба за сите.

Учесници на оваа дискусија беа проф. д-р Весна Јаневска, министер за образование и наука, г-дин Лулзим Алиу, заменик министер за образование и наука во Република Северна Македонија, како и претставници од сите универзитети во земјата.

Оваа дискусија беше организирана со цел да се согледаат широките ставови од областа на високото образование, поточно од академиците од земјава да ги добијат нивните предлози, чија основна заложба е подигање на квалитетот и унапредување на високообразовната и научно-истражувачката дејност.

By