Скопје, 30.09.2024 – Денеска во просториите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, со скромна свеченост, чесно и благодарно ги ипратија во пензија тројцата истакнати професори, и тоа: проф. д-р Азиз Положани, основач и прв ректор на УМТ, проф. д-р Ризван Сулејмани, проректор и основач на универзитетскиот центар како и проф. д-р Бедри Адеми, професор и придонесител во основањето и развојот на нашиот универзитет, тие сите беа дел од многуте заеднички успеси кои се постигнати низ годините.

Ректорот Зеќири во името на сите вработени им се заблагодари на професорите за големиот придонес на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, нагласувајќи дека вашето влијание од самото формирање на овој научен храм во главниот град на државата никогаш нема да се заборави во историја на УМТ и дека целото ова патување нема да биде крај, туку ново поглавје во вашите животи и дека нашата соработка нема да изостане, – изјави ректорот на УМТ, проф. д-р Изет Зеќири.

Генералниот секретар на УМТ, г-ца. Мукадес Хајдари им се заблагодари на почесните професори за коректната соработка помеѓу академскиот и административниот кадар, велејќи дека инспирацијата за знаење всадена кај младите генерации кои ќе ги следат нивните соништа и ќе придонесат за градење на еден подобар свет.

Професорите имаа и можност пред сите присутни да одржат поздравен говор. Професорите Положани, Сулејмани и Адеми беа професионални во своите области, служејќи со неуморна посветеност и страст кон знењето и науката, од формирањето на УМТ, тие придонесоа за академскиот развој на оваа институција давајќи им академска форма на многуте генерации на студенти.

Со нивното пензионирање, тие оставаат зад себе важно академско наследство и длабоко влијание врз животите на сите оние кои имаа привилегија да ги запознат и да учат од нив. Нивната работа секогаш ќе биде запаметена со длабока почит и благодарност од универзитетската заедница и пошироко.

Благодарност до професорите за нивниот исклучителен придонес и континуираната посветеност. Тие се и ќе останат нераскинлив дел од успешната приказна на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Ова не е збогување, туку голема благодарност за сето она што го направија.

By