Скопје, октомври 2024 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Изет Зеќири учествуваше на дијалогот организиран од Форумот за образовни промени (FOP-FECH)  на тема: „Патот до дигиталната трансформација на државните универзитети – Дијалог меѓу надлежните институции, универзитетите и студентските собранија“.

Целта на овој настан, организиран од платформата за дигитализација на државните универзитети – #DigiU, беше да се идентификуваат и дискутираат предизвиците со кои се соочуваат универзитетите и релевантните институции во процесот на дигитална трансформација на државните универзитети во Република Северна Македонија.

Иницијативата #DigiU има за цел и да ја продлабочи заедничката соработка со сите инволвирани страни, при што нејзин заклучок е составување на документ со конкретни препораки за забрзување на дигитализацијата во високото образование.Иницијативата #DigiU е иницирана од Форумот за образовни промени (FOP-FECH), Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (IDUEP) и Асоцијација за младинско зајакнување (YEA).

By