Скопје, октомври 2024 година, Во просториите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, д-р Аурела Баша од Универзитетот “Александер Џувани“ во Елбасан, одржа предавање на тема: „ПРАГМАТИЧЕН ПОГЛЕД НА СТРАНСКИТЕ ЗБОРОВИ ВО ПОЛИТИЧКИОТ ДИСКУРС“ пред академскиот кадар и студентите на Факултетот за хуманистички науки, како и пред студентите од студиските програми по психологија и медиуми и интеркултурна комуникација.
Таа учествуваше како дел од кадарот за мобилност, успешно ја презентираше студиската тема: „Прагматичен поглед на странските зборови во политичкиот дискурс“. Во текот на своето предавање, меѓу другото, таа покрена повеќе прашања како што се: Што е јазикот според Хумболт?, Што се заемки?, Функционални стилови на стандардниот јазик; За пуризмот на албанскиот јазик; Ставот кон странските зборови и други прашања.
Меѓу другото, д-р Аурела Баша истакна дека „Одговорноста за постигнување на целите поврзани со грижата за јазикот не им припаѓа само на говорителите, туку и на институциите кои се занимаваат со јазикот, како што се: јазичните институции, високообразовните институции или агенциите, кои се фокусирани на политиките за заштита на мајчиниот јазик. На крајот, д-р Аурела успешно одговори на прашањата поставени од студентите и академскиот кадар.