Ректорот на УМТ, проф. д-р Изет Зеќири дел од дискусијата на свечена седница и тематски панел на 19-тиот годишен меѓународен состанок на Институтот Alb-Shkenca
Скопје, 01.11.2024 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Изет Зеќири учествуваше на 19-тиот годишен меѓународен состанок на истакнатата институција, Институтот Alb-Shkenca, за да посака свечено отворање на седницата и тематските панели, каде ќе разговараат истражувачи од земјава, Албанија, Косово на тема: „ПАТИШТАТА ЗА ИНТЕГРАЦИЈА НА АЛБАНСКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ЕВРОПСКИОТ ОБРАЗОВЕН И ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОСТОР“.
На отворањето на свечената седница, ректорот Зеќири, меѓу другото, истакна дека: „Оваа средба е повеќе од академски форум, таа преставува простор од вредност за градење мостови на соработка меѓу албанските и меѓународните експерти, истражувачи и професионалци, која постојано служеше како платформа за споделување на знаењето и напредоккот од областа на науката, затоа, оваа година фокусот ќе биде ставен на идентификување и продлабочување на улогата на албанските универзитети, барање нови начини за профилирање на нашите високообразовни институции и да ги подготвиме за потребите и предизвиците на 21 век“. – изјави ректорот на УМТ, проф. д-р Изет Зеќири.
Ректорот Зеќири исто така истакна дека интернационализацијата на истражувањето, подобрувањето на квалитетот на наставата и развојот на стратешките области се неопходни чекори кои бараат посветеност и визија на секој од нас и дека Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје со сите менаџерски, академски и административни капацитети во рамките на развојот на науката и унапредувањето на квалитетот секогаш ви стои на располагање за меѓусебна соработка.
Во поздравниот говор на оваа дискусија на свечената седница беа г-дин. Гентиан Зибери, генерален претседател на IASH, г-дин. Изет Меџити, прв заменик претседател на Владата на РСМ, г-дин. Висар Ганиу, градоначалник на општина Чаир, г-ѓа. Арберие Нагавци, министерка за образование, наука, технологија и иновации од Косово, како и г-дин Ардијан Мачи, раководител на огранокот на IASH во Албанија.
На тематскиот панел, ректорот на УМТ, проф. д-р. Изет Зеќири го презентираше своето научно истражување на тема: „Предизвиците на високото образование – компаративна анализа на Северна Македонија и Косово.
За време на презентациите, меѓу другите, беа присутни и други професори како Бујамин Бела, Букурие И. Јусуфи, Мустафа Ибрахими, Изер Максути, Арбреш Равени и Блерта Кондри кои исто така ги презентираа своите научни истражувања пред присутните.
Заедно со организаторите како што се Институтот Alb-Shkenca, Владата на Северна Македонија и општина Чаир, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје е и домаќин на 19-тиот годишен меѓународен состанок на истакнатата институција Институтот Alb-Shkenca, каде ќе се одржуваат тематските панели во универзитетските простори.