Скопје, 05.11.2024 – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје успешно ја заврши 8-та меѓународна конференција за одржлив развој, „TSD 2024“, престижен настан на кој се собраа истражувачи, експерти и професионалци од различни земји да дискутираат и споделат знаење за глобалните предизвици и можности за постигнување одржливост во различни области од животот. Во текот на деновите 04 и 05.11.2024 година на конференцијата се одржаа пленарни сесии и детални дискусии на клучни теми кои вклучуваат:
ТЕХНИЧКИ И ЕКОНОМСКИ АСПЕКТИ НА ОДРЖЛИВОСТ, ЕНЕРГИЈА И КЛИМАТСКИ ПРЕДИЗВИЦИ
НОВИ ХОРИЗОНТИ ВО ГРАДЕЖНИШТВО И АРХИТЕКТУРА
ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА, МАТЕМАТИКА, САЈБЕРЕНСКА БЕЗБЕДНОСТ и ПРЕДИЗВИЦИ НА ВЕШТАЧКА ИНТЕГЕНЦИЈА
ТЕХНОЛОШКИТЕ, ПРИРОДНИТЕ И УМЕТНИЧКИТЕ НАУКИ ВО НОВИОТ МИЛЕНИУМ И ОБРАЗОВАНИЕТО
ОПШТЕСТВЕНИ НАУКИ ВО НОВИОТ МИЛЕНИУМ И РАЗЛИЧНИ ТЕМИ
ЕКОНОМИЈА И СОВРЕМЕНИ ТРЕНДОВИ
ПРАВО, ЕВРОИНТЕГРАЦИЈА И ПОЛИТИКА
Овој настан веќе стана важна платформа за академската и професионалната заедница, каде искуствата и новите идеи се поврзани со практични предизвици за конкретни решенија во полза на одржливиот развој.
УМТ, како домаќин на организацијата TSD 2024, изразува благодарност до сите соработници и учесници кои овозможија успешна реализација на овој значаен настан. Со завршувањето на ова издание, УМТ ја потврдува својата посветеност да промовира одржливост и да продолжи да биде важен центар за истражување, иновации и напредно образование.
Заклучоците од оваа конференција се очекува да послужат како насоки за креирање на нови стратегии, а трудовите кои беа презентирани од учесниците на Меѓународната конференција за одржлив развој TSD 2024 ќе бидат објавени во списанието за одржлив развој на Југоисточна Европа ‘SEEJSD’ кое го објавува УМТ.