Босна и Херцеговина, ноември 2024 година – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, како коорганизатор, учествуваше на седмата меѓународна конференција насловена „Применети технологии во машинството“ (COMETA 2024), во организација на Машинскиот факултет на Универзитетот во Источно Сараево, Босна и Херцеговина. Конференцијата се одржа од 14 до 16 ноември 2024 година во Јахорина.

Учесници од УМТ со свои трудови беа професорите: Изет Зеќири, Моника Лутовска, Зоран Трифунов, Стеван Ќосевски и Владимир Китановски, кои ги презентираа своите научни трудови и учествуваа како модератори на сесиите на конференцијата.

#COMETA2024 обезбеди меѓународна платформа за размена на знаења, истражувања и иновации во областа на машинството. Конференцијата ја истакна важноста на глобалната соработка и го промовираше професионалниот развој преку семинари, работилници и обуки.

Преку презентации и дискусии, конференцијата се осврна кон:

· Современиот напредок во областите како што се роботиката, вештачката интелигенција, науката за материјали и технологиите на производство;

· Важноста од решавање на глобалните предизвици како што се одржливост, автоматизација и енергетска ефикасност;

· Поттикнување на меѓународната соработка помеѓу академските институции и индустријата;

Учеството на Универзитетот „Мајка Тереза“ од Скопје на оваа конференција не само што придонесе во презентацијата на научните трудови на академскиот кадар, туку и ги зајакна меѓународните академски врски. Преку оваа соработка се создадоа нови можности за размена на искуства, на академскиот кадар и студентите меѓу двата универзитета.

Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје останува посветен на унапредувањето на научното истражување и академскиот развој, активно придонесувајќи во важни меѓународни конференции и проекти.

By