Скопје, 12.12.2024 – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје успешно го заврши 8-то издание на Меѓународната конференција за миграција, важна платформа за решавање на глобалните миграциски прашања. Оваа активност е развиена во соработка со престижни универзитети и институции од земјата и странство како што се: University of Sassari, Италија; International Burch University, Сараево; Универзитетот North-Eastern Hill, Индија; Универзитетот „ Aleksandër Moisiu “, Албанија; Epoka University Р. Косово; Американскиот меѓународен универзитет од Бангладеш како и Легис од Северна Македонија.
Модератор на 8-то издание на Меѓународната конференција за миграции беше д-р Арта Џелили, додека конференцијата ја отвори деканот на Факултетот за социјални науки, вон. проф. д-р Дитурије Исмаили.
Во поздравниот говор пред присутните, ректорот на УМТ, проф. д-р Изет Зеќири рече дека: „Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје е горд што е дел од оваа важна академска мрежа и тоа што преку оваа конференција придонесуваме унапредување на знаењето и свеста за миграциските прашања.
Ректорот Зеќири им се заблагодари на организаторите, партнерите, говорниците и учесниците за нивната посветеност и придонес. Тој нагласи дека „демографскиот потенцијал на една земја е главен предуслов за развој и дизајнирање на секоја секоја идна економска политика, и за други слични политички, образовни, здравствени случувања“. Меѓу другото, ректорот нагласи дека: „Во споредба со почетокот на новиот милениум, бројот на мигранти во светот е зголемен за 122 милиони, што претставува 0,7 отсто од светското население.
На ова издание на конференцијата беа присутни, државниот секретар од Министерството за социјална политика, демографија и млади, г-дин. Фатмир Сабриу; поранешниот ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Азиз Положани; и поранешниот проректор за меѓународни односи и раководителот на Конференцијата за миграција при УМТ, проф. д-р Ризван Сулејмани. Како признание за нивниот придонес во основањето и поддршката на оваа меѓународна конференција од нејзиното основање, организацискиот одбор им додели благодарници.
Деканот на Факултетот за социјални науки, вон проф. д-р Дитурије Исмаили додели благодарница и на г-ѓа Мимоза Души, професорка на Универзитетот „Хасан Приштина“ во Косово, која го презентираше својот научен труд, како и на г-ѓа. Вања Лазаридис од Меѓународната организација за миграција.
Конференцијата беше поделена на две главни сесии:
– Првата сесија ја модерираа професорите Елисабета Бајрами Ологу и Авни Авдиу, беа опфатени теми како што се миграцијата на населението, демографските последици и социјалните влијанија од миграцијата на Балканот.
– Втората сесија ја водеа професорите Дренуша Камбери и проф. Хава Реџеп, се осврна на меѓународните студии за прашања како што се миграцијата поттикната од климатските промени, социјалната политика и улогата на технологијата во новите форми на миграција.
Осмата меѓународна конференција за миграција послужи како важна точка за размена на идеи и експертизи, давајќи му на УМТ клучна улога во глобалната академска мрежа. Во иднина, Универзитетот „Мајка Тереза“ има за цел дополнително да ја развие оваа иницијатива, проширувајќи ја соработката и активно придонесувајќи во студиите за миграција и одржлив развој.
УМТ останува важен центар за истражување и академска размена на меѓународно ниво.