Скопје, 30.01.2025 – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје имаше чест да ја пречека делегацијата од Универзитетот „Неџметин Ербакан“ од Република Турција, со цел продлабочување на академската соработка и меѓународна размена на искуства меѓу двете високообразовни институции. .
Оваа средба со која претседаваше ректорот на Универзитетот „Неџметин Ербакан“ од Коња, проф. д-р Џем Зорлу, беше пречекан од раководството на УМТ, проф. д-р Блерим Саити, одговорен за меѓународни односи, проректорот за наука и истражување, проф. д-р Беким Фетаји, вонр. проф. д-р Бујамин Бела, проректорот за финансии, инвестиции и развој, како и проректорот за образование и студентски прашања, вонр. проф. д-р Фати Исени. Дел од приемот беа и генералниот секретар, г-ца Мукадес Хајдари, и проф. д-р Енвер Абдулаху.
Од Универзитетот „Неџметин Ербакан“, покрај ректорот, присуствуваше и проф. д-р Фират Јалдиз, генерален координатор за меѓународни односи и г-дин Осман Демирѓул, државен претставник на турската фондација ,,Маариф“.
Средбата се одвиваше во пријателска и конструктивна атмосфера, фокусирајќи се на можностите за соработка од областа на научно-истражувачката дејност, програмите за академска размена на студенти и кадри, како и развојот на заеднички проекти. Страните ја изразија својата посветеност за потпишување на меморандуми за соработка кои ќе помогнат во зајакнувањето на врските меѓу двата универзитета.
Оваа средба означува важен чекор кон зајакнување на академските партнерства и промовирање на науката и образованието на меѓународно ниво.