Скопје, 24.02.2025 – На Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, официјално започна промоцијата на кандидатите за ректор, процес кој означува важен момент за академската и институционалната иднина на Универзитетот.
Двајцата потенцијални кандидати за функцијата ректор, проф. д-р Беким Фетаји и проф. д-р Блерим Саити, денеска имаа можност да ги претстават своите програми за работа и визии за понатамошен развој на УМТ пред предавачите на факултетите.
За време на презентацијата, кандидатите ги истакнаа своите приоритети во клучните области како што се академскиот развој и квалитетот на наставата, проширување на меѓународната соработка, поддршка на студентите и зголемување на можностите за нивно професионално ангажирање, унапредување на инфраструктурата и дигитализација на универзитетските услуги, како и подобрување на условите за научни истражувања и иновации.
Овој демократски процес на промовирање на кандидатите има за цел да ја информира и вклучи академската заедница во одлучувањето врз основа на програмите и идеите кои ќе влијаат во правец на универзитетот во наредните години.
Кандидатите одговараа и на прашања од предавачи и разговараа за предизвиците и можностите на УМТ во контекст на високото образование во земјата и регионот.
Гласањето за нов ректор, трето по ред на УМТ, ќе се одржи на 12-ти март 2025 година, кое ќе означи важен чекор во развојот и идниот правец на универзитетот.
Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје останува посветен на обезбедување на транспарентен и инклузивен процес, давајќи им можност на академскиот кадар и студентите да бидат дел од клучните одлуки за иднината на оваа институција.