Скопје, мај 2025 година – На седницата на Сенатот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, по предлог на ректорот проф. д-р Беким Фетаји, се одржа тајно гласање за избор на новите проректори, кои ќе бидат дел од академското раководство на Универзитетот во текот на овој мандат.
👉 Проф. д-р Зоран Гацовски е избран за Проректор за наука и истражување;
👉 Вонр. проф. д-р Дитурије Исмаили е избрана за Проректор за меѓународни односи;
👉 Вонр. Проф. д-р На Фати Исени повторно ја доби доверба да продолжи како Проректор за образование и студентски прашања.
Проректорите ќе ја извршуваат својата функција во текот на целиот мандат на ректорот, придонесувајќи за унапредување на академската, истражувачката и меѓународната мисија на Универзитетот.
Изборот на проректорите ја одразува институционалната посветеност кон избалансирана, инклузивна насока ориентирана кон највисоките стандарди на високото образование.
