Скопје, 18.06.2025 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe, проф. д-р Беким Фетаји, во својот кабинет го пречека ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Јусуф Зејнели.
За време на средбата, ректорот Зејнели му честиташе на ректорот Фетаји за преземањето на новата функција како трет ректор на УМТ, посакувајќи му успех и просперитет во водењето на институцијата кон високи академски и научни цели.
Средбата се одржа во пријателска и соработничка атмосфера, каде што двајцата ректори разговараа за можностите за проширување на меѓууниверзитетската соработка, преку заеднички академски, научни и културни проекти, како и размена на кадри и студенти.
На средбата беше нагласена заедничката посветеност за подобрување на квалитетот на високото образование и зајакнување на улогата на универзитетите во современото општество.



