Скопје, 19.06.2025 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, во својот кабинет пречека висока делегација од Исламската верска заедница во Република Северна Македонија, предводена од Реис Ул Улема Шаќир еф. Фетаху.
Средбата се одржа во топла и пријателска атмосфера, при што се разговараше за можностите за продлабочување на меѓуинституционалната соработка и меѓусебна поддршка во области од заеднички интерес.
Реис Ул Улема Шакир еф. Фетаху му честиташе на ректорот проф. д-р Беким Фетаји по повод преземањето на новата функција како ректор на УМТ, истакнувајќи го значењето на оваа институција за заедницата и нејзината улога во образованието и формирањето на новите генерации.
Ректорот Фетаји, придружуван од проректорите, вон. проф. д-р Фати Исени, вон. проф. д-р Дитурије Исмаили, генералниот секретар Пиштар Лутфиу и членот на Сенатот вон. проф. д-р Аргутим Салиу, изрази благодарност за посетата повторувајќи ја подготвеноста на Универзитетот за соработка во образовни, културни и научни проекти насочени кон напредок и вклучување на студентите и пошироката заедница.
Средбата заврши со заемна подготвеност за континуирана соработка и конкретизирање на нови иницијативи што ќе придонесат за зајакнување на улогата на УМТ како сеопфатна и социјално ангажирана институција.








