Скопје, 25.06.2025 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, на работна средба ги пречека акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети досегашниот ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа и проф. д-р Садудин Ибраими новоизбраниот ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа.
На работната средба каде беа присутни и проректорот за образование, вон. проф. д-р Фати Исени, и генералниот секретар, м-р Пиштар Лутфиу, се разговараше за теми од заеднички интерес, институционалното функционирање на двата универзитета, студиските програми и стратегиите за академски и професионален развој на младите луѓе во земјата, со цел зајакнување на соработката во области од заеднички интерес, вклучувајќи академска мобилност, научни истражувања и заедничко вклучување во меѓународни проекти.
Во оваа прилика, досегашниот ректор на УЈИЕ, проф. д-р Беџети, и новоизбраниот ректор, проф. д-р Ибраими, му честитаа на проф. д-р Беким Фетаји за преземањето на должноста ректор на УМТ, посакувајќи му успех во неговата академска и институционална мисија. Странките ја оценија оваа средба како позитивен чекор кон интензивирање на меѓууниверзитетските односи и продлабочување на соработката меѓу две образовни институции кои споделуваат заеднички визии во областа на високото образование и развојот на знаењето.






