Скопје, јуни 2025 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe, проф. д-р Беким Фетаји, во својот кабинет ги пречека на работен состанок претседателот на Независната комисија за квалификации на Република Албанија, г-дин Роланд Илија, како и г-дин Едисон Франгу, извршен директор на „Open Gov Hub Albania“.

Ректорот Фетаји, придружуван од проректорот за образование, вон. проф. д-р Фати Исени, и генералниот секретар, м-р Пиштар Лутфиу, ги информираше гостите за академските случувања на УМТ, напредокот на институционалните реформи, вклучувајќи ги програмите за интернационализација и регионална соработка во рамките на Erasmus+ и иницијативите за добро управување во образованието.

За време на состанокот беше нагласена и важноста на меѓуинституционалната соработка во образовната и граѓанската сфера, како и можностите за размена на искуства, вклучување на студентите и развој на заеднички платформи во областа на квалификациите и транспарентноста.

By