Скопје, 02.10.2025 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, заедно со проректорот за меѓународни односи, вон. проф. д-р Дитурије Исмаили, одржаа работена средба во Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија.

Тие беа пречекани од г-ѓа Михал Харари, заменик-шеф на мисијата, и г-ѓа Џевахире Прути Зајази, национален службеник за програмата. На средбата се разговараше за можностите за академска соработка, студентска размена и развој на заеднички проекти во областа на високото образование и иновациите.

Засегнатите страни изразија подготвеност за продлабочување на соработката, гледајќи го тоа како важен чекор кон унапредување на академската и меѓународната мисија на УМТ.

By