Скопје, 03.02.2026 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, беше пречекан на официјална работна средба во Амбасадата на Државата Катар во Република Северна Македонија од Неговата Екселенција, г. Рашид бин Саид Ал-Хајарин, вршител на должност во Амбасадата на Државата Катар во Република Северна Македонија.

Ректорот Фетаји, придружуван од проректорите, вонр. проф. д-р Дитурије Исмаили, вонр. проф. д-р Бујамин Бела, како и генералниот секретар, д-р Рахим Јашари, имаа можност да разговараат за бројните можности за соработка меѓу Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и институциите за високо образование во Државата Катар.

На средбата беа разгледани можностите за соработка во истражувачки проекти од областа на технологијата и иновациите, како и размена на добри практики за модернизација на наставниот процес и универзитетскиот менаџмент.

Ректорот Фетаји ја изрази својата благодарност за топлиот прием и високо ја оцени улогата на Државата Катар во поддршката на образованието и развојот во регионот. Од друга страна, г. Рашид бин Саид Ал-Хајарин ја реафирмираше подготвеноста на Амбасадата да служи како мост за поврзување меѓу УМТ и реномираните универзитети во Катар, со цел унапредување на академскиот квалитет и зајакнување на билатералните односи.

By