Скопје, 28 мај 2021 – Ректоратот на универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје реагираше поради непочитување на нашето барање за приоритетна вакцинација со што ќе се овозможеше непречен почеток на новата академска 2021/2022 година.

Академскиот и административниот кадар на УМТ беа крајно огорчени по информацијата дека некои универзитети веќе биле организирани и ја примиле и втората доза на вакцина за заштита од вирусот Ковид 19. Поради оваа причина, Ректоратот е должен јавно да го искаже своето незадоволство и бара реализирање за организирање на вакцинација.

Убедени сме дека само навременото спроведување на вакцинацијата на вработените во УМТ, како и во другите универзитети, ќе обезбеди навремено започнување и успешно започнување на академските активности за зимскиот семестар.

Ректорат,
УМТ – Скопје

By