ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ УНИВЕРЗИТЕТОТ „МАЈКА ТЕРЕЗА“ ВО СКОПЈЕ И „ЦЕНТАРОТ ЗА СТУДИИ И ПУБЛИКАЦИИ НА АРБЕРЕШИТЕ“

Скопје, 15 јуни 2021 година – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, имајќи ја предвид важноста на соработката со албанските заедници во дијаспората и изградбата на мостови што ги поврзуваат и особено го ценат придонесот на арберешката заедница во зачувувањето на албанскиот јазик, традицијата и културното наследство, без да имаат постојана врска со земјата на потекло, и исто така, имајќи ги предвид поттикнувањето, проширувањето, интеракцијата и координацијата на студиите и научно-истражувачките публикации како клучен фактор за идентификување и одржување на овој дух, вклучувајќи и (жени)академици и истражувач(к)и во албанските и арбарските региони, страните се согласија да го склучат овој Договор за соработка.

Договорот за соработка беше потпишан од страна на ректорот на УМТ, проф. д-р Азиз Положани и директорката на ЦСПА, г-ѓа Дијана Кастрати. Целта на овој договор е да се поттикне соработка помеѓу двете институции за размена на експертиза, заеднички студии и истражувања за историјата и културата на арбарската заедница, за културолошките и историските врски меѓу заедницата на Арберешите од Јужна Италија и Арберешите од Задар во Хрватска.

Ова соработка има за цел страните да спроведуваат заеднички студии за историјата и културата на арберешката заедница. Исто така, соработката има предвид организација на заеднички активности и учество на научни конференции во нашата држава и во странство, формирање на работни групи за апликација на заеднички проекти на објавените повици на проекти од различни донатори, размена на книжевни писанија кои се фокусираат на студии за арберешката заедницаи меѓусебни промоции на публикации и книги со фокус на арберешката заедница.