UNT Erasmus+

Почитуван студенту,
Универзитетот Мајка Тереза во соработка со ЕРАЗМУС + и неколку универзитети од Европа, со предавач Проф.Др. Беким Фетаји, Факултет по Информатика, УМТ, ќе организираат 3-дневна обука за програмирање на УНИТУ за создавање на 3Д виртуелни програми што ќе се користат во Образованието.
Сесиите за обука ќе бидат на 11,12,13 октомври (понеделник – среда) од 11-15 часот физички во часот 303 и онлајн истовремено. Истите се дел од проектот “𝐀𝐜𝐜𝐞𝐥𝐞𝐫𝐚𝐭𝐢𝐧𝐠 𝐖𝐞𝐬𝐭𝐞𝐫𝐧 𝐁𝐚𝐥𝐤𝐚𝐧𝐬 𝐔𝐧𝐢𝐯𝐞𝐫𝐬𝐢𝐭𝐲 𝐌𝐨𝐝𝐞𝐫𝐧𝐢𝐳𝐚𝐭𝐢𝐨𝐧 𝐛𝐲 𝐈𝐧𝐜𝐨𝐫𝐩𝐨𝐫𝐚𝐭𝐢𝐧𝐠 𝐕𝐢𝐫𝐭𝐮𝐚𝐥 𝐓𝐞𝐜𝐡𝐧𝐨𝐥𝐨𝐠𝐢𝐞𝐬 (𝐕𝐓𝐞𝐜𝐡@𝐔)” – 𝐄𝐏𝐏-𝟏-𝟐𝟎𝟏𝟗-𝟏-𝐀𝐋-𝐄𝐏𝐏𝐊𝐀𝟐-𝐂𝐁𝐇𝐄-𝐉𝐏. Обуката ќе биде физички организирана во училница 303 и онлајн на оваа врска: https://meet.google.com/etp-marg-jyt
Ве молиме сите студенти што би сакале да учествуваат треба да се пријават за учество на врската подолу до 5 Октомври, 2021 година, за да можеме да се подготвиме.
Формулар за регистрација на учество:
Сите оние што ќе учествуваат и што ќе поднесат завршен практичен проект ќе го добијат Certificate of Completion.
HACKATON во VR / AR е отворен за сите студенти од сите партнерски универзитети, а исто така и други универзитети ќе имаат право да учествуваат на натпреварот HACKATON VR / AR што ќе се одржи на 22 октомври петок, од 10-15 часот.
Во овие часови учесниците треба да започнат со работа и до 15 часа да го достават својот практичен проект. Комисијата потоа ќе ги избере 3 -те најуспешни проекти и ќе го одреди победникот и ќе подели награди. Сите учесници ќе добијат сертификат од ERASMUS +.