Сардење, Италија, Декември Во рамките на посетата во Сардинија, Италија, ректорот на УМТ проф. д-р. Азиз Положани одржа предавање на Меѓународната конференција “Dialogando” (Да дискутираме) која се одржува по шести пат во Стинтино, Сардинија.
Оваа конференција ги обединува еминентни луѓе од културата, религијата и науката да дискутираат за начините на меѓукултурното, меѓуетничко разбирање и начините за усогласување на разликите меѓу луѓето и заедниците.
Предавањето на ректорот Положани со наслов на тема „Интеркултурализмот како пат кон меѓукултурната хармонизација и социјалната кохезија во Северна Македонија“ предизвика интерес кај голем број слушатели на конференцијата.
На конференцијата се обрати и амбасадорката на Република Северна Македонија во Ватикан, нејзината Екселенција, госпоѓа Марија Ефремова.