Скопје, 17 декември 2021 – Во организација на Факултетот за технолошки науки денеска на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје се одржа Меѓународниот семинар на тема „Производство на органска храна, стандарди, трендови и предизвици“.

Семинарот го отвори ректорот на УМТ, проф. д-р. Азиз Положани, кој изрази задоволство што УМТ воедно и Факултетот за технолошки науки, кои како дефицитарни гранки на пазарот на труд, успеале да организираат ваков семинар.

Проф. д-р Африм Хамиди од Факултетот за земјоделство и ветеринарна медицина, од Универзитетот во Приштина „Хасан Приштина“ одржа презентација на тема „Перспективи за органско производство на живина – можности и предизвици“, додека и едно резиме на барањата на ЕУ за безбедност на БИО храната воведена од д-р. Karsten Giffey, дипломат на Европскиот колеџ за јавно ветеринарно здравје.

Темата ‘Дијагноза и брзо сузбивање на безбедноста на храната’ ја презентираше д-р Бледар Биша од Катедрата за зоотехнички науки при Универзитетот во Вајоминг, САД, додека проф. д-р. Агим Риша од Универзитетот „Хаџи Зека“ во Пеќ одржа предавање на тема „Трендови и перспективи за развој на лековити и ароматични производи и Секторот за малини во Косово“.

На семинарот присуствуваа и професорите од УМТ, д-р Олга Поповска, доц. д-р Владимир Китановски и студентката Егзона Шаќири од Факултетот за технолошки науки. Семинарот беше модериран и беа доделени сертификати на учесниците од страна на деканот на Факултетот за технолошки науки доц. д-р Сани Демири.

By