Скопје, 01. 07. 2022 година – Со свечена церемонија, и во присуство на голем број гости, на академскиот кадар и на родители, Универзитетот „Мајка Тереза“ на плоштадот Скендербег во Скопје, со поделување на 250 сертификати, ја испрати четвртата генерација апсолвенти.

Во прекрасна атмосфера со многу емоции, и во присуство на министри, градоначалници, заменици и дипломати, ректорот на УМТ Академик проф. Изет Зеќири ги сосетуваше апсолвентите никогаш да не ги затвораат книгите, туку да работат на постигнување на што поголеми успеси, додавајќи дека УМТ никогаш нема да ги заборави.

Наша цел е од нашиот универзитет да излезат професионалци и експерти од различни области, кои ќе бидат рамноправни со нивните колеги од Европската Унија, чиј дел ќе бидеме и ние во иднина. Посакувам нашите апсолвенти каде и да одлучат да ја градат својата кариера да бидат менаџери на процеси, да бидат менаџери на компании, барем таму да стремаат, рече Зеќири.

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири рече дека вашето патување да се постигне до овде е најдобар доказ дека жртвувањето за основање на оваа институција вредеше.

Градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу рече дека УМТ полека, но сигурно, постигна од 220 студенти пријавени во првата генерација, денес да е дом на над 3000 студенти.

Градоначалникот на општина Сарај Блерим Беџети рече дека овој ден ќе ви остане во вашите сеќавање како многу значаен ден, ден на пресврт за вас и ви посакувам во иднина освен досегашните студии да работите уште повеќе и да постигнете и други научни наслови.

Директорот на Фондот за развој и технолошки иновации Фестим Халили рече дека денес затворивте едно важно поглавје од вашиот живот, но тоа не е се, овој ден е почеток на долгото патување на вашиот живот, па затоа ви честитам за ова постигнување.

Во четвртата генерација на УМТ дипломираа 250 студенти, а прогласени се најдобрите студенти на петте факултети: Џенете Алији од Факултетот за Иинформатички Науки со просечна оценка 9,1, Фатиме Едхеми од Факултетот за Технолошки Науки со просечна оценка 9,61, Агон Шаини од Факултетот за Гредежништво и Архитектура со просечна оценка 9,80, Мерлинда Ибраими од Факултетот за Технички Науки со просечна оценка 9,91, Куштрим Укшини од Факултетот за Социјални Науки со просечна оценка 9,9.

By