Студентите на Факултетот за технички науки на студиската програма „Инженерство за заштита на работа и животна средина“ имаа можност да следат предавање на експерти од областа на водите од Министерството за животна средина и просторно планирање, г-дин Иљбер Мирта.
Г-дин Мирта, одржа предавање за општите карактеристики на водите во Република Северна Македонија, целите, предизвиците и плановите на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Студентите беа запознаени со законската рамка на Министерството за животна средина и просторно планирање, особено со заштитата и управувањето со водите во РСМ и се одвиваше конструктивна дебата за време на предавањето што ја водеше професорката Уриме Демири Шаипи.