Скопје, декември, 2022 – Студенти од втора и четврта година на студиската програма Инженерство за заштита на работна и животна средина од Факултетот за технички науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје остварија студиска посета на Хидрометереолошкиот завод во Скопје под менторство на проф. д-р Уриме Демири Шаипи.

За време на посетата студент(к)ите имаа можност да се запознаат со работата на Секторот за квалитет на води и Секторот за метеоролошки мониторинг. Метеорологинката Елена Панева Ѓорѓиевски детално ги информираше студент(к)ите за работата на Секторот за метеорологија, поточно за опремата и процедурите за мерење на метеоролошките параметри и временската прогноза.

Д-р Шерибан Рамани, раководителка на Секторот за квалитет на води, и м-р Весна Кечовска, биологинка, особено внимание посветија на лабораториските мерења, физичко-хемиските анализи за следење и евалуација на квалитетот на површинските води.

Освен градење академски вештини, студиската посета беше насочена кон развивање на комуникациски вештини и вистински вештини за решавање проблеми кои се стекнуваат само преку пракса т.е. изложба на студент(к)ите.

By