Студент(к)ите од втора година од студиската програма Прехранбена технологија од Факултетот за технолошки науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, за време на вежбите по предметот Аналитичка хемија ја анализираа цвртината на водата на Скопје и Куманово заедно со асистентот м-р Арјан Ганији.

Анализата на водата е извршена во лабораторијата на Факултетот за технолошки науки со волуметриско-титриметриско комплексометриска метода, што е важна карактеристика во одредувањето на квалитетот на водата.

By