Скопје, 30.03.2023 – На Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, денеска за прв пат беше прикажан Глобалниот филмски фестивал за миграција (GMFF), кој е поддржан и организиран од IOM, Меѓународната организација за миграција на Обединетите нации.

Во рамките Глобалниот филмски фестивал за миграција, денеска на УМТ, пред студентите на Факултетот за социјални науки беше прикажан филмот “Dying for Europe”, додека носител на овој проект беше професорката од ФСН Елисабета Бајрами Ологу.

Меѓународната организација за миграција на Обединетите нации го започна Глобалниот филмски фестивал за миграција уште во 2016 година. Во 2019 година, GMFF беше прикажан во 106 земји – официјалната селекција од 32 филмови доведе до 600 филмски претстави, привлекувајќи глобална публика од над 40.000 луѓе.

Филмот ги прикажува проблемите со кои се соочуваат обичните луѓе кои преку ноќ стануваат бегалци и обично губат се што имаат. Она што им се наметнува е да тргнат кон опасни патувања, додека единствена дестинацијата е секогаш иста, Европа.

По завршувањето на филмот беше отворена дискусија со присутните студенти за она што имаа можност да го видат, како и за целиот процес на миграција и миграциската криза. Северна Македонија започна да го слави GMFF уште во 2017 година.

By