Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје проф. д-р. Изет Зеќири, придружуван од генералниот секретар Мукадес Хајдари, одржаа работен состанок со Комисијата на Министерството за образование и наука, одредена за формирање на три нови факултети, кои од следната академска година ќе функционираат во рамките на УМТ.
На средбата се разговараше за сите детали за работната организација во рамките на овие единици, кои вклучуваат девет нови програми.
На 27 јули 2022 година, Собранието на Република Северна Македонија со мнозинство на гласови го усвои отворањето на три нови факултети на УМТ и тоа Економски факултет во чии рамки се студиските програми: Финансии и сметководство, Маркетинг и менаџмент, Царина, шпедиција и осигурување, Правниот факултет со студии за правда и криминалистика како и Факултетот за хуманистички науки со студиските програми Англиски јазик и книжевност, Германски јазик и книжевност, Превод од албански, македонски на англиски и обратно, превод од албански, македонски на германски и обратно.
Со отворањето на новите факултети, УМТ нуди нови можности за новите студенти, со своите осум факултети:
– Факултет за градежништво и архитектура;
– Факултет за информатички науки;
– Факултет за технички науки;
– Факултет за технолошки науки;
– Факултет за општествени науки;
– Правен факултет;
– Економски факултет;
– Факултет за хуманистички науки
Минатата недела делегацијата на Министерството за образование и култура ги посети и новите објекти на УМТ кои сеуште се во изградба.